
март 9, 2026
Недела на борба против ракот
Во периодот од 01–08 март 2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја одбележа Неделата на борба против ракот под мотото „Превенцијата спасува живот“.
Во рамки на активностите беа реализирани 4 едукативни предавања, од кои две во просториите на Црвен крст Куманово, а по едно во ООУ „11 Октомври“ и ООУ „Крсте Мисирков“, при што 110 учесници беа едуцирани за значењето на превенцијата, здравите животни навики и раната детекција на малигните заболувања.
Дополнително, на 05 и 06 март беа поделени 100 едукативни брошури, со што вкупно 220 сограѓани беа опфатени со едукативните активности.










< врати се назад











































