
Недела на млади 1-7 октомври 2026 „И јас (можам да) сум волонтер
Во рамки на одбележувањето на Неделата на младите 2026, под мотото „И јас (можам да) сум волонтер“, Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше форум за млади наменет за дружење, поврзување и поттикнување на младите да се вклучат во волонтерските активности на Црвениот крст.
Во периодот од 1 до 7 октомври, младите имаа можност да учествуваат во различни активности, меѓу кои забава за отворање на Неделата на младите, Форум на млади и Отворен ден, интерактивната игра „Племиња“
, филмска вечер
и завршна „Слатка вечер“
со откривање на „Secret Friend“
.
Преку Форумот на млади и Отворениот ден, учесниците се запознаа поблиску со работата на Клубот на млади, младинските програми и можностите за волонтирање во Црвениот крст. Интерактивните и забавните активности овозможија младите да разменат искуства, да работат во тим и да стекнат нови познанства.
Во текот на сите седум дена се реализираше и активноста „Secret Friend“, преку која младите дополнително се дружеа, се поврзуваа и си подготвуваа симболични изненадувања.
Преку реализираните активности, младите имаа можност да се дружат, да научат нешто ново, да се запознаат со работата на Црвениот крст и да направат чекор кон волонтерството. ![]()
![]()








< врати се назад











































