октомври 8, 2026

Посета на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ по повод 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица“

На 01.10.2026 година, по повод одбележувањето на 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше уште една активност насочена кон подигнување на јавната свест за правата, потребите и значењето на грижата и поддршката на старите лица.

Во рамки на активноста, волонтерите од Клубот на млади го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово, каде што преку дружење и различни активности поминаа време со корисниците на домот.

Активноста имаше за цел да придонесе кон создавање пријатна и позитивна атмосфера, поттикнување на дружењето и социјалната вклученост на старите лица, како и да им се посвети внимание и поддршка по повод нивниот ден.

Во активноста учествуваа 5 волонтери од Клубот на млади, а беа опфатени вкупно 80 корисници.

Tags: ,
< врати се назад