
мај 5, 2025
Посета на Црвен крст Драч, Република Албанија
Во период од 2 до 4 мај 2025 година, претставници од Општинската организација на Црвен крст Куманово остварија официјална посета на Црвен крст Драч, Република Албанија. Во рамките на посетата, беа разменети драгоцени волонтерски искуства помеѓу двете организации, преку презентација на реализираните активности.
Воедно нашата екипа по прва помош учествуваше ревијално на Општинскиот натпревар по прва помош организиран од Црвен крст Драч, што овозможи размена на напредни техники и методи во областа на првата помош.
Изразуваме голема благодарност до Црвен крст Драч за нивното топло гостопримство и професионализам. Со нетрпение очекуваме да продолжиме со успешно партнерство и соработка во иднина.




