мај 15, 2025

Превентивна активност на граничен премин – Табановце – ,,Сигурен чекор – Не вози пијан”

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности, на ден 14.05.2025 година во соработка со СВР Куманово, младите од Општинската организација на Црвен крст Куманово кои се дел од проектот ,,Сигурен чекор” поделија флаери на граничниот премин Табановце испраќајќи порака до сите возачи ,,Не вози пијан”. Преку овој проект целта е да се подигне свесноста и важноста за безбедноста во сообраќајот, а со оваа активност испративме порака до 150 возачи.

< врати се назад