
мај 26, 2025
Учество на ораторска вечер ,,Различности-Нишките кои не прават исти” во организација на ООЦК Виница
На ден 26.05.2025 година (понеделник) волонтери од Клубот на млади Куманово и младинци кои се дел од ПХВ циклусот земаа учество на ораторска вечер во организација на Црвен крст Виница насловена: ,,Различности-Нишките кои не прават исти”. Ораторската вечер беше во склоп на ЦКА-ПХВ програмата која што и волонтерите од Црвен крст Виница ја реализираат, а нашиот волонтер Ален Милковски повторно се истакна помеѓу најдобрите оратори и го освои првото место.
Им благодариме на Црвен крст Виница за поканата и топлото гостопримство.




