
август 5, 2026
Крводарители од Куманово дел од регионалната крводарителска акција во Скопје
Крводарители од Куманово денес се приклучија на регионалната летна крводарителска акција, која се одржува во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Со своето учество, тие уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност, давајќи значаен придонес во обезбедувањето на доволни резерви на крв во период кога потребите се најголеми. Летните крводарителски акции имаат особено значење, бидејќи токму во овој период резервите на крв се намалени, а потребата од неа е постојана.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово упатува искрена благодарност до сите крводарители кои со својот хуман чин придонесоа за спасување човечки животи.
Дарувај крв – спаси живот! ![]()
![]()
![]()
![]()










< врати се назад











































