април 11, 2024
Недела на хигиенизација
На ден 09.04.2024 година (вторник) во основното училиште Христијан Карпош во с. Драгоманце се одржа врсничка едукација по повод Недела на хигиенизација, а воедно и дисеминација за Црвениот крст.
Нашиот врснички едукатор Никол Ѓорѓевска на учениците им потенцираше зошто е важно да ја одржуваме нашата лична хигиена. По кратка демонстрација за правилно миење на рацете сите заеднички ги повторија истите постапки. Исто така учениците се запознаа со историјата на Црвен крст, како и со активностите кои што Општинската организација на Црвен крст ги работи. На оваа предавање присуствуваа 50 ученици.