
Одбележана неделата на хигиенизација
Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република С. Македонија – Општинска организација Куманово во периодот од 08 до 15 април 2025 година ja одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото
“Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.
Во рамките на неделата Општинска организација Куманово организираше 4 едукативни работилници од кои две во основното училиште ,,Бајрам Шабани”, едно во ООУ ,Христијан Карпош” с. Драгоманце и едно во подрачното основно училиште ,,Кочо Рацин” с.Доброшане на вкупно 85 учесници.
Во убава и позитивна атмосфера учесниците имаа можност да се запознаат со тоа што претставува хигиена, како правилно се мијат раце, зошто миењето на раце е важно и како правилната хигиена на рацете има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики.




