мај 17, 2024

Одбележана Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина 8-15 мај

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја одбележа Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина 8-15 мај. Младите волонтери организираа отворен ден на Градскиот плоштад во Куманово, каде случајните минувачи ги нудеа со слатки и освежителни напитоци и им поделија флаери за работата и мисијата на Црвениот крст.
Покрај отворениот ден, во просториите на Клуб на млади Куманово се одржа ликовен и поетски настан на тема “Принципи на Црвен крст’’ каде учество со свои творби зедоа 10 волонтери од Клубот на млади Куманово. 
Воедно на нашите социјални мрежи секој ден беа споделувани фотографии од нашите волонтери со опис “Зошто тие волонтираат во Црвен крст’’. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад