мај 12, 2024
Одбележување на 12-ти мај- Интернационален ден на медицинската сестра
На ден 10.05.2024 година (петок) во пресрет на Интернационалниот ден на Mедицинските сестри, волонтерите од Општинска организација Куманово во соработка со учениците од здравствена струка- медицинска сестра од Општинското средно техничко училиште “Наце Буѓони” Куманово одржаа показна вежба пред присутните ученици на училиштето, идни ученици и професори.