мај 23, 2025

Одбележување на 21 мај – Денот на осамостојувањето на Црвениот крст на Република С. Македонија

По повод 21 мај – Денот на осамостојувањето на Црвениот крст на Република С.Македонија, волонтерите при Општинската организација на Црвен крст Куманово го одбележаа денот преку промоција на работата на Црвениот крст.

Младите поставија штанд на градскиот плоштад во Куманово со промотивни материјали и слатки кои претходно беа подготвени од волонтерите. Граѓаните имаа можност да се запознаат со дејностите кои Црвениот крст ги работи, а воедно и активностите кои што се дел од програмата на Црвен крст Куманово.

< врати се назад