
јули 7, 2024
Одбележување на 7 јули – Светски ден на чоколадо
На ден 07.07.2024 година (недела) волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод Светскиот ден на чоколадото спроведоа активност на Градскиот плоштад во Куманово.
Волонтерите на случајните минувачи им поделија чоколатца и флаери на кои беа испишани мотивирачки пораки ,,Да Ви биде сладок животот како чоколатцево, Ви посакуваат волонтерите од Црвен крст Куманово“. Со оваа активност беа опфатени 160 граѓани и деца.




