април 29, 2025

Одбележување на ,,Недела на солидарност,,

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово под мотото: “ Вашиот прилог – значајна помош”, од 14 до 20 април 2025 година ја одбележа традиционалната Недела на солидарност.

Во рамките на неделата, а воедно и по повод празникот Велигден, Општинска организација Куманово дистрибуираше 60 прехрамбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во ТЦ Сума и Тинекс маркет.

Воедно во Гимназијата ,,Гоце Делчев” се одржа собирна акција за донација на облека. Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

И оваа година според предвидениот план, правните субјекти и граѓаните од Куманово беа навремено известени за времетраењето на собирната акција за помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена и парични прилози, со цел навремено прибирање на донации.

< врати се назад