октомври 10, 2024
Одбележување на Светски ден на ментално здравје
Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово, по повод 10 октомври – Светки ден на ментално здравје на ден 10.10.2024 година (четврток) во просториите на Црвен крст Куманово оддржа трибина на тема:,, Важноста на менталното здравје во работно место‘‘ за вработените и волонтерите од Црвен крст Куманово со цел да се истакне важноста за подигање на свеста за менталното здравје и благосостојбата на работа, намалување на стигматизацијата и поттикнување на разговор за потешкотиите со кои се соочуваме. Исто така волонтерите организираа уште една работилница каде колоризирано ги искажаа своите емоции и работеа на спознавањето на нивните емоции.