
Превентивна активност за заштита од топлотен бран.
На ден 20.08.2026 година, на Градскиот плоштад во Куманово, волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираа превентивна активност за заштита на населението од последиците од високите температури и топлотните бранови.
Во рамките на активноста беше извршено бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок кај заинтересирани граѓани. На граѓаните им беа дадени основни совети за превенција и заштита од топлотен бран, со посебен акцент на редовното внесување течности, избегнување директна изложеност на сонце и внимателност кај повозрасните лица и лицата со хронични заболувања.
Дополнително, волонтерите дистрибуираа вода на граѓаните на плоштадот, со цел да се придонесе кон превенција од дехидратација.









< врати се назад











































