Светски ден на првата помош
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово го одбележа Светскиот ден на првата помош под мотото: ,,Прва помош и спортски активности – “Подготви се и укажи прва помош“.
На ден 14.09.2024 година се одржа обука на младите одбојкарки на ЖОК – Куманово, подготвувајќи ги како да реагираат при несакани повреди на тренинг или на натпреварите па дури и да укажат помош во секојдневниот живот.
Обуката беше не само информативна, туку и практична, овозможувајќи им на младите одбојкарки да стекнат знаења за брзо и ефективно делување. На крајот од обуката, тие ја покажаа својата подготвеност и уверување во ново стекнатите знаења, што е важен чекор кон безбедноста и здравјето на сите учесници во спортските активности, а истиот резултат го очекуваме и со закажаните обуки со ФК-Куманово 2012 и ОСТУ,,Наце Буѓони“.
Со оваа иницијатива, Црвен крст на Република Северна Македонија продолжува да ги поттикнува младите да бидат одговорни и свесни во ситуациите кога е потребна прва помош, градејќи посилна и поподготвена заедница.