
август 5, 2026
Уметничка дружба
![]()
На ден 25 јули, нашите младинци се собраа на уметничка дружба во просториите на ООЦК Куманово. На работилницата нашите волонтери цртаа на мали платна и лепези со цел истите да ги подарат на корисниците од Домот за стари лица ,,Зафир Сајто”. На работилницата се изработени 30 уникатни парчиња кои ќе измамат насмевка на нечии лица.
![]()
Со оваа активност младите ја покажуваат грижата за старите лица, во топлите летни денови со изработка на лепези а истовремено се вмрежуваат едни со други. Пред активноста младите правеа лимонада со цел да го доближат мотивот ,,ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ” до нашите сегашни и идни волонтери.
![]()
Оваа активност беше тематска, на иницијатива на младите, со цел во идниот период ваквите активности да се зачестени.





< врати се назад











































