јуни 15, 2026

Волонтери од ООЦК Куманово поддршка на мото фестивал ,,Беарс Мото Рок Фест‘‘

🙌🏻 На ден 12.06.2026 и 13.06.2026 година на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово се одржа мото фестивалот ,,Беарс Мото Рок Фест‘‘ организиран од страна на Спортското здружение на мотоциклисти мото клуб ,,Мечки‘‘. 🐻🏍️

⛑️Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беше логистичка поддршка на настанот. Нашите волонтери на посетителите им делеа флаери за активностите кои што ги работи нашата организација, а на штандот на Црвен крст беа поставени касички за донации на парични средства кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани. 🌷💌

Tags: , ,
< врати се назад