
Меѓународен ден на старите лица – 1 Октомври
По повод Меѓународниот ден на старите лица – 1 Октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Здружението на пензионери од Куманово, на ден 01.10.2026 реализираше работилница во Дневниот центар за стари лица со активно стареење.
Работилницата ја спроведе социјален работник од Центарот за социјални работи од Куманово и беше посветена на правата и социјалната и здравствената заштита на старите лица, со информативни и превентивни активности. Учесниците беа информирани за достапните форми на поддршка, значењето на превентивната и здравствена грижа и можностите за активно стареење.
Воедно беше промовиран Дневниот центар за стари лица со активно стареење и неговите активности насочени кон социјална вклученост, дружење и подобрување на квалитетот на животот на старите лица.






















































