септември 29, 2026

Одбележана ПХВ неделата во Куманово

📅На 22.09.2026 година, во Занаетчискиот дом – Куманово со почеток во 19 часот, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово ја одбележа ПХВ неделата, во рамките на јубилејот „30 години ПХВ – 30 години човечност“.

На настанот се обратија ПХВ дисеминаторите и учесниците во активностите, кои преку своите искуства и пораки ја истакнаа важноста на ПХВ програмата, хуманоста, волонтерството и активното учество на младите во заедницата.

🎓 Посебно значење имаше доделувањето на дипломите на младите учесници кои во 2026 година реализираа мали ПХВ проекти, како признание за нивниот ангажман, посветеност и придонес кон заедницата.

📸 Во рамките на настанот беше поставена и ПХВ изложба со фотографии и материјали од реализираните активности и проекти низ годините, а присутните имаа можност да проследат видео материјали и културно-забавна програма.

🌟 30 години ПХВ – 30 години поттикнување на младите да создаваат промени преку хуманост, солидарност и заедништво.

< врати се назад